ЗА СОВРЕМЕН
ОТВОРЕН И
ИСТРАЖУВАЧКИ
УНИВЕРЗИТЕТ
Проф. д-р Димитар Ташковски
СЕЛЕКТИРАНИ
АКТИВНОСТИ ВО ТЕК
НА МАНДАТЕН ПЕРИОД
ФЕИТ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ги отвори вратите на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.
ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици
На 22.08.2018г. , на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW. Едната централа е со моќност 10 KW e донација на ОКТА, а другата со моќност од 12 KW, која има и систем за акумулирање на енергија е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици – PV ESTIA“, како и со сопствени средства на факултетот. Струјата произведена од фотоволтаичните централи ќе се користи за потребите на ФЕИТ што на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.
Успешно заврши Неделата на роботиката
ФЕИТ организираше Недела на роботиката по повод 10 години организација на Робомак – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми
28.03.2019, Скопје – Microsoft академија и тестинг центар, денеска, беа промовирани пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамки на ЕУ Дигиталната недела. Со ова, ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми. Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, секој студент на овој факултет ќе има пристап...
ИНОФЕИТ започнува програма за поддршка на иновации кај студентите на УКИМ
28.03.2019, Скопје – Microsoft академија и тестинг центар, денеска, беа промовирани пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамки на ЕУ Дигиталната недела. Со ова, ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми. Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, секој студент на овој факултет ќе има пристап...
Тестирање на 5G технологија – партнерство на Македонски Телеком и ФЕИТ
Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија. Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, оваа соработка е потврда на досегашните залагања на Факултетот за континуирана соработка со стопанството, што ќе овозможи студентите да реализираат пракса и да работат...
Техничките факултети – причина за национална гордост
Трите технички факултети Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена академија одбележаа 60 години постоење. Трите факултети прославија шест деценици под мотото „Создаваме иднина“. На академијата, која се одржа во Македонската Филхармонија, говореа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ректорот на УКИМ,...
ДОДЕЛЕНА ЗЛАТНА ДИПЛОМА НА ПРВИТЕ ДИПЛОМИРАНИ ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕРИ
Факултетот за електротехника и информациски технологии додели 60-тина Златни дипломи на првите студенти кои дипломирале пред 50-тина години на тогашниот Технички факултет, отсек електро. Денес беа доделени дипломи на студентите кои дипломирале во периодот меѓу 1964-1969 година.
Презентирани иновативни студентски проекти од програмата INNOSAE
Триесетина студенти од неколку различни факултети на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска, во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ ги презентираа своите иновативни проекти реализирани од студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE. На презентацијата присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и деканот на...
Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ е официјално овластен ECDL тест центар
Со потпишување на овој договор ФЕИТ е првиот државен факултет во Македонија кој ќе врши обука и полагање по програмата на ECDL/ICDL. Почнувајќи од денес сите студенти покрај дипломата од факултет ќе можат да добијат и меѓународен сертификат за познавање на компјутери и компјутерски програми....
Виртуелна презентација на студентски проекти од INNO-SAE 2020
Со особена чест и задоволство ја најавуваме презентацијата на студентските проекти од овогодинешната едиција на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) 2020. Оваа година INNO-SAE е во заедничка организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и УСС – УКИМ.
Полнач за електрични возила на ФЕИТ
На 27.05.2021 година се предаде во употреба полнач за електрични возила на ФЕИТ. Потоа, се одржа предавање за електрични полначи. Предавањето може да се види на следниот линк: За проектот: GRENEER MOBILITY...
ФЕИТ повторно со злато на овогодинешниот Wizzair Скопски маратон
На 3-ти октомври 2021 година се одржа 17тиот Wizzair Скопски маратон . ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници. Огромен успех и оваа година постигна женската штафетна екипа која го освои првото место (златен медал), додека машкиот штафетен тим го освои 5-тото место. Успешен настап од тимот на ФЕИТ имаа Томислав Карталов...
Посета на ФЕИТ од експертски тим на СИМЕНС
Со особена чест и задоволство ја најавуваме презентацијата на студентските проекти од овогодинешната едиција на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) 2020. Оваа година INNO-SAE е во заедничка организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и УСС – УКИМ.
Потпишан договор за соработка помеѓу ИНОФЕИТ ДИХ и ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (Искрател)
Во рамките на своите активности за подигнување на капацитетите и зајакнување на партнерската мрежа, ИНОФЕИТ Дигитален иновациски хаб (ДИХ) потпиша договор за соработка со ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (локална подружница на Искрател Словенија која од неодамна е во сопственост на групацијата S&T од Австрија). Договорот отвора можност за користење на middleware платформата на Искрател...
Убаво е кога наместо разни изговори дека не постојат можности или дека нема услови за вложување во развој на сопствените капацитети, во подигнување на квалитетот на наставно научниот процес во рамки на една високообразовна установа, ќе слушнеме и видиме иницијативност, континуирани заложби и изнаоѓање начини преку кои се унапредува работата на еден факултет и сиот...
Ван Хоол ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ
Компанијата Ван Хоол Македонија ќе стипендира и поддржува два магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на денешното потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата....
ФЕИТ доби донација на опрема од SIEMENS и СисКон
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја опреми Лабораторијата за релејна заштита со дигитално најсовремена опрема, донација на SIEMENS Австрија и локалниот партнер и дистрибутер СисКон. За правилно и успешно користење на донацијата, австрискиот производител обезбеди и обука за професорите кои понатаму ќе работат со студентите да се запознаат со најновата технологија, а се...
Трета работилница за развојни микропроцесорски системи во рамките на проектот „Технологија за тебе„
На 09 и 10.05.2022 година се реализираше третата работилница за развојни микропроцесорски системи во организација на Логинг Електроникс и Факултетот за електротехника и информациски технологии. На работилницата земаа учество 30-ученици и 28-професори од девет средни училишта за техничко образование од Македонија: ...
Kомпанијата Infineon Technologies Austria организираше работилница на ФЕИТ
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје беше домаќин на дводневната работилница „Infineon meets FEEIT“, во организација на компанијата Infineon Technologies Austria како дел од програмата IPCEI Microelectronics. Infineon Technologies е во топ 10 светски компании од полупроводничката индустрија со повеќе од 50 000 вработени на светско ниво....
Свечено доделeни награди и пофалници на студентите со постигнат успех 9 и над 9
Денес 20.06.2022, часот во Амфитеатарот на ФЕИТ беа доделени пофалници и пригодни награди на студентите кои во академската 2020/2021 постигнале просечен успех од 9 и над 9. Беа доделени вкупно 38 пофалници: со завршена 1 година и освоени најмалку 60 кредити се наградени 11 студенти, со завршена 2 година и освоени...
Промовирана уште една генерација дипломирани инженери и магистри
Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, промовираше нова генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и нова генерација магистри. Нови 141 дипломиран инженер и 41 магистер, во зградата на Македонската Филхармонија, ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии. „Вообичаено, на овие настани се потсетуваме на вашето патување од бруцоши...
ИНОФЕИТ се стекна со статус на сертифициран ДИХ во рамките на европскиот CHANGE2TWIN проект
ИНОФЕИТ ДИХ доби сертифициран статус во рамките на EU H2020 CHANGE2TWIN проектот за консултантски услуги на компании кои се стремат да воведат решенија на „дигитален близнак” во својата секојдневна работа. Концептот на „дигитален близнак” е еден од најголемите двигатели на промени во производствената индустрија овозможувајќи им на компаниите значително да ја зголемат својата глобална...
ФЕИТ во друштво со најдобрите европски факултети со меѓународна акредитација
ФЕИТ е првата и единствена високообразовна институција во државата која има меѓународна акредитација на своите седум студиски програми на прв циклус на студии. Меѓународната акредитација на студиските програми на прв циклус на студии на ФЕИТ ја спроведе германската агенција за акредитација на студиски програми од областа на техничките науки, информатика, природните...
Логинг електроникс опреми две лаборатории на ФЕИТ
Во новиот семестар студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе можат да ги користат ново опремените лаборатории за електроника и електротехника. Опремата е донација од компанијата Логинг електроникс , која во изминатите 25 години постоење во континуитет обезбедува поддршка на факултетот заради подобра едукација на студентите. Според деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски...
Фондот за иновации и технолошки развој, Центарот за трансфер на технологија и иновации при Факултетот за електротехника и информациски технологии – ИНОФЕИТ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување и унапредување на механизмите за поддршка на процесите на дигитална трансформација кај македонските компании преку воведување и...
Златна диплома за електроинженерите кои дипломираа пред пет децении
На доделувањето во амфитеатарот на ФЕИТ присуствуваа триесетина електроинженери од дипломираните 86 во трите генерации на тогашниот ЕТФ, многумина од нив добро познати и признати имиња во енергетиката, електротехниката, стопанственици, министри, професори… Да се видите со колеги со кои пред пет децении сте дипломирале на еден од најпрестижните факултети во земјата не е мала работа....
Австриската компанија за полупроводнички елементи Инфинеон Технолоџис Австрија (www.infineon.com/ipceimeaustria) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во наставата и истражувачката работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамките на иницијативата на ИПЦЕИ Микроелектроника (англ. IPCEI Microelectronics). Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и...
Gerresheimer нов златен партнер на ФЕИТ
Гересхајмер Скопје ДООЕЛ Илинден и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје потпишаа договор за партнерство со кој компанијата Гересхајмер стана ЗЛАТЕН ПАРТНЕР НА ФЕИТ. На овој начин, се отвора можност за продлабочување на соработката меѓу двата ентитети преку голем број активности кои ги нуди партнерството, а во насока на подобрување на взаемната соработка на реални проблеми, подобро запознавање на студентите со работата на компанијата како и можност за пракса или практична работа на студентски трудови во рамките на компанијата. Потпишувањето на договорот се одвиваше во рамките на годишниот состанок на бордот на директори на Гересхајмер во Скопје, февруари 2023. На тој начин, сите подружници во групацијата беа запознаени со преземените обврски од партнерството, како и бенефитите за двете страни.
Презентирана платформа за виртуелни лаборатории
Во рамки на проектот „A ubiquitous virtual laboratory framework – UbiLAB“ од Еразмус+ програмата, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа еднодневен настан за дисеминација (Multiplier Event). Деканот на ФЕИТ, професор Димитар Ташковски, ја истакна потребата и логичното надградување на системите за далечинско учење...
ФЕИТ отвори Фаб Лаб – нов простор каде студентите ќе работат на реални проекти
Стартува со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор што треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, е отворен и за приватниот сектор, како и за млади креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност...